Девојка и маж од Гостивар се удавија во Вардар

Трагичен настан го потресе Гостивар. Млада девојка и машко лице се удавија во водите на Вардар. Истрагата треба да ги утврди деталите и околностите под кои се случила трагедијата.

Полицијата била алармирана ноќеска со пријава од граѓани дека околу полноќ, женско лице скокнало во реката од малиот метален мост близу градскиот пазар. Според пријавеното, веднаш потоа во Вардар скокнало и машко лице. Потрагата во надојдените води на реката започнала набрзо. Околу 3 часот, во Старо Чајле граѓани и пожарникари го извлекле телото на 20 годишната девојка од Гостивар. Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт.

И потрагата по 45 годишниот гостиварец заврши трагично. Неговото безживотно тело беше извлечено од Вардар денес напладне, на локација меѓу селата Форино и Чегране. Смртта ја констатирале лекари.

Извршени биле увиди на двете места. По наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција.  

error: Content is protected !!