Дел од Тетово вчера повеќе од осум часа остана без електрична енергија

Дел од Тетово вчера повеќе од осум часа остана без електрична енергија, откако бил оштетен подземен електричен кабел, преку кој со струја се снабдуваат 8 трафостаници.

Дефектот настанал откако жител на Тетово вршел див подземен ископ

-Екипите на Електродистрибуција веднаш пристапиле на терен при што констатирале дека дефектот настанал на 20кВ подземен кабел преку кој со електрична енергија се снабдуваат 8 трафостаници. На лице место каде што дефектот бил детектиран со мерна кола, видно било дека трето лице вршел див ископ при што го оштетил 20кВ подземен кабел. Третото лице се обидело да ја затрупа дупката, но неуспешно трагите и денес се видливи. Случајот веднаш беше пријавен во МВР каде што е изготвен записник за оштета од трето лице и се води истрага против сторителот, истакнаа од ЕВН преку писмено соопштение

Жителите на овој дел од градот немаа струја повеќе од 8 часа. Со електрична енергија сите жители се снабдија околу 1 часот по полноќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!