Денеска бројките со новозаразени пациенти во полошко за разлика од изминативе денови се намалени.

Денеска бројките со новозаразени пациенти во полошко за разлика од изминативе денови се намалени. Во гостиварско се евидентирани четворица, а во тетовско двајца позитивни на вирусот.   Продолжува трендот на намалување на бројот на заразени пациенти со корона вирусот во тетовскиот регион. Во последните 24 часа заразени се замо двајца со КОВИД 19. Од друга страна бројот на оздравени лица е во пораст, со што од минатата недела до денес бројката на активни случаи е значително намалена од 276 на 214 лица.

 -Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираа дека во Тетово и околните општини вкупниот број на лица кои се наоѓаат во изолација со одлука и самоизолација е 378.Апелираме со посебен акцент до младите луѓе да не се собираат во поголеми групи и да ги почитуваат мерките за физичко растојание, да носат заштитни маски и да внимаваат на личната хигиена.Исто така, деловните субјекти и стопанствениците строго да ги почитуваат протоколите и заштитните мерки, бидејќи за да се избориме против оваа пандемија мора да ја докажеме нашата решеност и високо ниво на општествена и граѓанска одговорност, истакна Снежана Новаковска портпарол на СВР Тетово. 

Од почетокот на пандемијата на #COVID19 до денес во Тетово и 5 околни општини, вкупниот број на дијагностицирани со #COVID19 е 1063. Од овој број досега оздравиле 769 лица, а 80 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5-те околни општини изнесува 214 .

Според општините, вкупниот број на дијагностицирани со ковид19, од почетокот на пандемијата до денес се движи по следните бројки Општина Тетово – 667 Општина Боговиње – 98 Општина Теарце – 101 Општина Брвеница- 63 Општина Јегуновце -60 и Општина Желино -73

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!