Денеска се одбележува Светскиот ден на ромскиот јазик
Во духот на зачувување на ромскиот јазик, со финансиска поддршка на Владата година се издадени 1.000 примероци на македонско – ромски речник и 800 примероци на Граматиката на современиот ромски јазик.
Излегувањето од печат на овие две изданија е од големо значење за Ромите, вели Самка Ибраимоски, претседател на ПЦЕР, кој вели дека токму неговата партија е иницијатор на овој чекор.
Речникот и граматиката ќе бидат доставени до училиштата и други институции.
„Признавањето на важноста на ромскиот јазик треба да биде дел од пошироките напори и акции за спречување на сите форми на дискриминација, како и за поддршка на Ромите во нивната социјална инклузија и учество во развојот на нашата заедница“, порача премиерот Зоран Заев преку видеообраќање, честитајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик.
5 Ноември е прогласен како Светски ден на ромскиот јазик од страна на УНЕСКО. Освен во земјава, овој ден се одбележува во уште 15-тина држави во Европа.