Денеска се празнува Светиот маченик Трифун

Традиционално на овој ден се врши закројување на лозјето.

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со обичаи спаѓа и Свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата.

Според неговото житие, светиот маченик Труфин потекнува од Комсада во Фригија, кој како дете бил чувар на гуски, но имал искрена вера и љубов кон Бога. Кога пораснал, живеејќи во пост и молитва, Бог му дал чудотворна благодат да лекува болести. Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот император Гордијан. Но, по смрта на царот Гордијан, дошол царот Дециј, кој наредил да се прогонуваат христијаните. Кога виделе дека ни мачењата не делуваат врз Светиот Трифун, решиле да го посечат со меч.

Во месноста викана Млака, во Лешок денес прота Александар Стојаноски изврши водосвет, благословување и закројување на лозјето.

Инаку денес, според римокатоличкиот календар се празнува закрилникот на вистинската љубов, Светиот Валентин, заеднички христијански светец, кој Православната црква го празнува во септември.

Данијелав Билбилоска