Денес е Свети Климент – патрон на македонската православна црква


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Денес православните верници го празнуваат Свети Климент Охридски – Чудотворец, кој се смета за заштитник на македонската православна црква. Тетовци рано наутро се упатија во Соброниот храм „Свети Кирил и Методиј“ за да го одбележат денешниот празник преку осветување на леб, како и следење на утрената богослужба. Отец Александар од тетовското архиерејско намесништво, го објасни значењето на празникот.

Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.