„Денови на Иљо“ од 12 до 14 мај во Тетово

Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово на прес-конференција ја претстави програмата за одбележување на јубилејот, 100 години од основањето. Во неа се предвидени концерти, промоции, изложби и литературен фестивал.  Пригодните активности ќе се одржуваат во периодот од 12 до 24 мај, а учесници покрај од нашата земја ќе има и од странство.

Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово е формирано во 1922 под името „Бинички“, а потоа е преименувано со сегашниот назив.

Данијела Билбилоска