Денови на хрватската култура во Тетово
Хрватскиот пејач и гитарист, Иван Брадиќ, вчеравечер со сплет на хрватски балади, настапувајќи во просториите на Музејот на тетовски крај, свечено ја отвори манифестацијата Денови на хрватската култура во Тетово. Брадиќ синоќа премиерно настапи пред присутната публика со неговите авторски песни, а истите беа повеќе од доволни да ја воодушеват присутната публика.
Зад активностите кои имаат за цел промоција на хрватската култура, традиција и историја во Македонија, поточно зад синоќешниот настан во Тетово, стои заедницата на Хрвати во Македонија и иницијативниот одбор на заедницата во Тетово.
Заедницата на Хрвати во Македонија на годишно ниво организира околу 20 проекти во повеќе градови, а истата е формирана во 1996 година, каде што претходната година го одбележаа нивниот 25-годишен јубилеј од основањето.
Ивана Серафимовска