Денот на жената – Што тоа значи?

Цветот е симбол на нежност и убавина. Често се избира како знак на внимание кој се упатува кон жените на Осми март. Но, која е суштината на Осми март? Дали датумот добил значење, за жените на денешен ден да добиваат посебно внимание и тоа во форма на подароци? Тетовци со свои размислувања по ова прашање – голем дел од нив не објаснија зошто се слави Осми март.

Борба за економска, политичка и социјална рамноправност е суштината на Меѓународниот ден на жената – идеја која започнала во почетокот на 20 век, со цел жените да ги имаат истите права како и мажите, кои дотогаш ги немале. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март полека замрело, а повторно оживеало во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 март е прогласен за Меѓународен ден на жената.