Денот на шегата одбележан во О.У. „Лирија“ Тетово
Спајдермен, Бетмен, принцези – првооделенците од основното училиште „Лирија“ во Тетово, со маски го одбележаа 1-ви април, Денот на шегата. Училиштето секоја година организира дефиле за децата, каде што сите ја покажуваат својата креативност и се радуваат на трансформацијата во нивните омилени ликови и супер херои.
Училиштето имаше предвидено програма за сите групи ученици, односно за децата од прво до четврто одделение.
Маја Пероска