Десетина дена жителите на тетовско Теарце имаат недостаток на вода за пиење

Најпогодени се семејствата во горниот дел од селото кои мора да се снаоѓаат со правење залихи.

Жителите на тетовското село Теарце се соочуваат со недостаток на вода за пиење. По поплавите кои го зафатија овој регион на 23 минатиот месец, воведени се рестрикции во водоснабдувањето, така што најпогодени се семејствата кои живеат во горниот дел од селото. Тие мора да полнат шишиња за да имаат вода за пиење, бидејќи кј нив притосокот на водата е најмал.

 Недостатокот од вода уште повеќе ја усложнува и онака тешката ситуација, бидејќи Општина Теарце е на третото место во тетовскиот регион по бројот на заразени, со 66 случаи со ковид 19, по општина Боговиње, каде има 84 и општина Тетово со 414 случаи. Помалку случаи има во општините Желино- 55, Јегуновце -49 и Брвеница 46.

Од Јавното претпријатие Хигиена велат дека е намален капацитетот на водата во периодот од 8 до 18 часот поради чистење на коритото на реката Бистрица.

Инаку Теарце минатата година имаше проблем со загадување на водата за пиење. Притоа над 300 лица завршија во селската амбуланта со симптоми н труење.

error: Content is protected !!