Детоксикација на организмот преку постење

Пред крај е страдалната недела пред Велигден, кога најголем број од верниците го практикуваат Велигденскиот пост. Некои се откажуваат од производи од животниско потекло само во текот на оваа седмица, но голем дел го постат целиот пост кој трае 40тина дена. Тоа значи подолг период на неконсумирање месо, јајца и масни намирници, со што организмот се чисти од токсини. Лекарите објаснуваат што се случува во човечкиот организам кога е подложен на испостување. Д-р Светлана Трифуновска исто така, советува враќањето кон регуларната исхрана да се одвива постепено.

Д-р Трифуновска препорачува во првите неколку денови по постењето да се внесуваат повеќе течности, салати, свежа храна со цел полесно прилагодување на повторната консумација на масните производи, кои треба да се земаат во помали количини. 

Маја Пероска