Детските градинки започнаа со работа по протоколи

Половина од пријавените деца беа донесени од родителите на првиот ден по шестмесечниот прекин со работа на тетовските градинки.

По шест месеца детските градински повторно започнаа со работа. Се примаат само децата чии родителите не можат да работат од дома. Згрижувањето се прави според строго утврдени протоколи.

Родителите ги носат децата до влезот на објектот на градинката, при што при приемот вработените им мерат температура со безконтактен термометар. Потоа воспитувачката го носи детето во занимална без да има контакт со другите групи. Следи миење на раце.

Нашата екипа не продолжи со снимање во внатрешните простории се со цел да се почитуваат протоколите поради поголема безбедност на децата.

Директорката на Детската градинка Младост во Тетово, Рамије Даути, вели дека првиот работен ден тече без проблеми и според здравствените протоколи.

Во случај на здравствени промени кај згрижените деца вработените треба да постапат според утврдениот алгоритам.

Родителите велат дека покрај тоа што нема кој да ги чува, дополнително на децата им недостасува воспитно-образовниот процес.

Во тетовските градинки денес беа примени 100-тина деца, односно половина од пријавените. Капацитетот за работа во време на пандемија е најмногу 300 деца, во 5-те објекти во градот и 3 во руралните средини.

error: Content is protected !!