Дефект на водоводната мрежа во Лешница причина за прекин на водоснабдувањето во Тетово

Од ЈКП Тетово информираат дека истиот во текот на денот бил саниран.

Поради поголем дефект на водоводната мрежа во делови на Тетово околу 24 часа немаше вода за пиење, односно наместа таа беше со намален притисок.

Од ЈКП Тетово информираат намалувањето на количината на вода во Филтер станица е поради дефект во линијата Лешница, при што работниците на Секторот Водовод и Канализација го санирале дефектот во текот на денешниот ден.

И минатата недела се случи дефект во Лешница каде поради силниот ветер огромен нанос на снег го затвори водоснабдителниот систем.

Данијела Билбилоска

Powered by Live Score & Live Score App