Децата да не се оптоваруваат со статистики за ковид, велат психолозите

Нивното внимание да се пренасочи кон слободни активности и учењето.

Почетокот на учебната година покажа дека децата повеќе ги почитуваат мерките за заштита од ширење на коронавирусот во однос на возрасните. Учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство без проблем носат маска, дезинфицираат раце и држат растојание. Психологот од ОУ Лирија во Тетово, Маргарита Гашевска, вели дека децата многу брзо го впиваат она што им го кажуваат возрасните.  

Целокупната ситуација во која се наоѓаме поради пандемијата ќе има негативни влијанија врз развојот на децата, потврдува Гашевска.

Психологот Гашевска советува децата да не се оптоваруваат со статистики за ковид и што помалку да се зборува за пандемијата пред нив. Нивното внимание да се пренасочи кон слободни активности и учењето.

Инаку, наставниот процес тече под строги здравствени протоколи. При влез во училиште се мери температура на децата, кои задолжително треба да носат маска и да дезинфицираат раце. На секоја клупа има по еден ученик. Во случај кај некое дете да се појават симптоми има и посебна соба за изолација.

error: Content is protected !!