Дивите депонии голема опасност за избувнувањето на пожарите

Територијалната противпожарна единица Тетово од почетокот на годинава досега интервенирала над 430 пати на пожари на отворен, но и затворен простор. Голема опасност според командирот Ука Алити е што во последно време избувнуваат пожари на мини диви депонии, загадувајќи го воздухот почвата и подземните води.

Командирот Алити, вели дека голем дел од пожарите на кои интервенирале биле на отворено.

Тој апелири граѓаните годинава да се воздржат од палење на стрништа, земајќи го искуството изминативе неколку години, кога поради ваква пракса на земјоделците, голем дел од планините во регионов беа зафатени од големи пожари.

 Дополнително како проблем се мините диви депониии, кои се потенцијална опасност за избувнувањето на пожарите.

Алити апелира граѓаните да бидат крајно внимателни, се со цел да се заштеди човечкиот капацитет на неговата единица, која во време на пандемија врши дезинфекција, но и други активности како мерки против КОВИД 19.   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!