Дивите депонии горлив проблем на Општина Јегуновце

Диви депонии и недостиг на вода се најголемите проблеми кои ги засегаат жителите од населените места од Општина Јегуновце.

Градоначалникот на Општина Јегуновце Дарко Блажевски, вели дека потребна е поголема контрола, но и казни ако сакаме да има чиста општина. За таа цел во план е да се вработат комунални редари, а од централната власт ќе бара финансии за чистење на депониите.

-Ние и од наши средства односно од нашиот буџет сме одвојувале пари за чистење на дивите депонии. Сега ќе побараме средства од Министерството за животна средина и просторно планирање за чистење на дивите депонии кои ги има во речиси сите населени места. Јас не сакам да казнувам, но ќе мора да започнеме со изречување на казни, кон тие лица кои ја загадуваат животната средина, рече градоначалникот на Општина Јегуновце Дарко Блажевски.

Тој вели дека регионалниот водовод не ги решил проблемите на жителите со недостигот од вода за пиење и во меѓувреме се преземаат чекори за оваа долгодишна проблематика.

Градоначалникот Блажевски, истакна дека во изминатиов период реализирале и во тек се активности за реализација на повеќе проекти во  интерес на мештаните, како изградба на канализациони мрежи, пешачки патеки, уредување на јавните површини, како и проектот спортска сала во Јегуновце, чија изградба е во тек.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!