Дигитализирана книгата „Народни песни од Тетово”

Еден од ретките примероци на книгата „Народни песни од Тетово”, од неговата лична библиотека, хроничарот Дарко Гавровски го споделува со пошироката јавност преку интернет. Тетовските старогратски песни собрани во книгата, објавена во 1972 година, отсега достапни се и во дигитална форма, во рамки на проектот „Дигитализација на тетовското наследство”.

Гавровски вели процесот на дигитализација е многу важен затоа што се повеќе луѓето се насочени кон интернетот.

Дигиталната верзија на „Народни песни од Тетово”, како и повеќе други значајни книги се достапни преку електронската библиотека на Гавровски, а линк до неа е објавен на неговата група на социјалната мрежа фејсбук „Го Љубим Тетоо“.

Данијела Билбилоска