ДИК го утврди гласачкото ливче за дополнителните локални избори
Државната изборна комисија (ДИК) на 60-та седница, ја усвои предлог-одлуката за измена и дополнување на финансискиот план за распределба на средства за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово.
ДИК ги усвои и барањата за акредитација на набљудувачи на изборите поднесени од Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција „Мак сонце“ кое ќе има девет набљудувачи и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) со шест набљудувачи.
Четвртата точка, утврдување на изгледот на гласачкото ливче, поради безбедносни причини за заштита и тајноста на содржината, ДИК ја разгледуваше без присуство на медиуми.
Пред да биде усвоена првата точка, потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, ја образложи потребата од донесување одлука за измени на финансискиот план за изборите.