Димитриеска Кочоска: Нашите кандидати се сервис на граѓаните
Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска денеска им се придружи на кандидатите за советници во Тетово на средбите со граѓаните во рамки на кампањата за вонредните избори за членови на Советот на општината на 20 август. Таа им порача на жителите на Тетово да го дадат гласот за советниците кои ги предводи носителот Ангел Карапетров.