Дневниот центар во Гостивар четири месеци работи под посебни протоколи

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гостивар, четири месеци функционира под посебни протоколи за заштита од коронавирус. Установата претходно имаше шестмесечна пауза во работењето поради пандемијата, а во октомври повторно ги отвори вратите за децата. Строгите правила налагаат да се работи со намален капацитет, пократок престој, ротации и слично.

„Моментално Центарот го посетуваат 6 дечиња и тие ротираат, со пауза, просториите се проветруваат, се врши дезинфекција и слично. Нормално, работиме според препораките се трудиме да ги заштитите корисниците, и ние самите да се заштитиме. Меѓутоа, тоа е многу тешко, бидејќи кај овие деца физичкиот контакт е многу важен, материјалите што ги имаме за работа, тоа се бара практична работа. На пример, тие не можат да носат маски, или да држат дистанца. Сепак, се трудиме целосно да одговориме на актуелната ситуација и до сега работата се одвива успешно. “ вели Арта Арифи Креци, психолог во Дневниот Центар.

Тимот од пет стручни лица во Дневниот центар максимално се труди околу исполнување на обврските од портоколите, за кои велат дека воопшто не се лесна работа, со оглед дека згрижуваат ранлива група деца. И покрај тоа, наоѓаат начини и до сега успеваат да одговорат на предизвиците.

Додека беше затворена установата, се правеа напори за спроведување на одредени програми онлајн како и советување на родителите. Психологот Арифи Креци вели дека сепак, за децата со посебни потреби престојот во центарот е незаменлив.

Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гостивар постои од 2006-та година. Во нормални услови има капацитет за престој на 15-тина дечиња.

Материалы по теме:

ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар стана дел од германскиот проект „Партнери на иднината“
Со потпишување на договор на пригоден настан, се официјализираше соработката меѓу Основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар и Гете институтот, со кој гостиварското ...
Младите се` почесто и лесно посегнуваат по дрога
Младата популација се` почесто и полесно посегнува по дрога. Полицијата на гостиварското подрачје постојано евидентира случаи на млади корисници на дроги, па и дилери. ...
Урбаната опрема во паркот во Гостивар е мета на вандали
Клупите, кантите за отпад и другата урбана опрема во големиот парк во Гостивар, честопати се мета на несовесни граѓани. Од јавното претпријатие кои се ...
Во Гостивар до сега се направени 750 брзи тестови за ковид
Брзите антигенски тестови за откривање на коронавирус, кои во Гостивар беа воведени пред околу два месеци, се покажаа како значајна алка во справувањето со ...
Гостивар се вклучува во Европската недела на мобилност
Гостивар се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на мобилност, чија цел е да се подигне свеста на граѓаните во борбата против аерозагадувањето - ...