Добар е квалитетот на површинските води во тетовско

Согласно националната годишна програма за јавно здравје, Центарот за јавно здравје од Тетово врши редовни испитувања на квалитетот и безбедноста на површинските води. Од таму информираат дека извршени се испитувањата и од вториот квартал годинава, а за третиот квартал испитувањата се во тек. Д-р Ратко Давидоски ги соопшти резултатите, а квалитетот вели дека е на задоволително ниво, претежно реките се од втора категорија.

 На месноста Бањиче граѓаните често се упатуваат за рекреација. Давидоски зборува и за тамошниот квалитет на водата како и за обичајот граѓаните често да полнат во шишиња од истата. Се препорачува да се консумира само две до три чаши дневно, а ако се полни тоа да биде во стаклени шишиња и да се чува во фрижидер не повеќе од 72 часа.

Давидоски додава дека колку е поеќе стои водата од месноста Бањиче толку е поголем  и ризикот по здравјето на луѓето. Исто така нагласува дека лицата кои страдаат од висок крвен притисок да не ја консумираат таа вода, а останатите да не ја користат како замена за обичната вода.

error: Content is protected !!