Доведено во прашање опстојувањето на ЈП „Русино-Полог“

Растот на цената на горивата, го доведува во прашање опстојувањето на новоформираното претпријатие „Русино-Полог“, кое управува со депонијата Русино. Од таму велат дека трошоците за работа се големи, а имаат најниска цена на услуги во земјава и во регионот.

Неколку месеци откако започна да работи Регионалното претријатие Русино – Полог, а веќе се соочува со финансиски потешкотии. Директорот, Бесим Догани, вели дека единствен извор на финансирање е субвенцијата и наплата при донесениот смет, но трошоците за дневно работење на депонијата Русино се високи, а дополнително има општини кои се уште не го платитле својот дел.

Цената од 5 евра за еден тон комунален отпад останува да важи, според одлуките донесени на последната седница на Центарот за развој на полошки плански регион. Нова цена била утврдена само за индустискиот отпад.  

Брзите мерки за санација на депонијата Русино се спроведени, а во следниот период треба да се изврши и тампонирање на патот. Дополнително треба да се најде соодветни локации за претоварни станици.

            Барањето алтернативна локација на депонијата која со години ги труеше жителите на Гостивар, е во втората фаза на швајцарскиот проект.

Данијела Билбилоска