Додека за сите важи правилото остани дома, медицинските работници мора да работат

Медицинските сестри се тие коишто го имаат првиот контакт со пациентот, ја спроведуваат тријажата и му даваат упатства за следните чекори. Тие имаат важна улога во здравството, вели Јасмина Миловска, медицинска сестра во ПЗУ Медика центре од Тетово, по повод 7 април, Светски ден на здравјето.

Во амбулантата во која работи, Миловска вели дека се следат сите препораки за заштита на здравствните работници и на пациентите.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во видео порака на здравствените работници им го честита Меѓународниот ден на здравјето 7 април, оддавајќи им признание за клучната улога која тие ја имаат во здравствената нега и грижата за нашето здравје.

Светската здравствена организација денеска предупреди дека недостасуваат шест милиони медицински сестри во светот кој се соочува со глобална пандемија на коронавирусот.

error: Content is protected !!