Доделени договори за финансиска поддршка за организација на локални манифестации и саеми за промоција на македонските земјоделски производи

На јавниот повик објавен од страна на министерството кон крајот на месец март годинава пристигнаа вкупно 61 апликација, од кои се одобрени 47 во вредност од околу 5 милиони денари. Овој јавен повик за поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи.

Со ваквата поддршка од Министерството станаа препознатливи огромен број на манифестации и саеми. Како дел од нив може да се набројат „Фестивал на медот” во Тетово, „Поречки фармер”, „Валандовска ракијада”, „Преспански јаболкобер”, „Мариово – оаза за органска храна” и уште многу други.