Доделено признание од претседателот за ЛОЈА
Пендаровски го врачи признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ на три невладини организации и четири личности, меѓу нив и Центарот за балканска соработка „ЛОЈА“ од Тетово.
Признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ денеска им беше доделено „СОС Детско Село“, Центарот за балканска соработка „ЛОЈА“, Движењето „Полио Плус“, како и Биба Додева, Ленче Здравкин, Савка Тодоровска и Ристо Донев.
Овие три организации и четири личности го добија признанието како резултат на нивната посветеност и огромен придонес во социјализацијата и остварување на човековите права и слободи на лицата со попречености, за помош и поддршка на обесправените и угнетените, за грижа и воспитување на децата, за подигање на свеста за ракот, за унапредување на родовата еднаквост, за подобрување на меѓуетничките односи, како и за афирмација на земјата на меѓународно ниво. Претседателот Стево Пендаровски кој ги врачи признанијата, им честиташе на добитниците и им се заблагодари за нивните заложби.