Документарен филм „Талија“ за 124 години театар во Тетово премиерно ќе биде прикажан во четврток

124-годишното творење на една од првите уметности во Тетово, театарот, ќе се прикаже во новиот документарен филм „Талија“, за Драмското студио како директен наследник на стариот Градски народен театар.

Режисерот Саше Серафимоски вели дека по 7 годишно истражување ја создале најубавата вековна театарска приказна, која ќе остави траен документ на она што се нарекува култура и уметност. За театарските случувања сведочат 50-тина соговорници, стари фотографии и видео снимки, како и материјали користени од Државиот архив.

Освен филмот, обемниот материјалот кој е снимен ќе биде искористен за изработка на документарна серија во 4 дела.

Националната установа „Музеј на Тетовски крај“ го поддржува проектот.

Премиерата на филмот е закажана за 23 јуни, четврток, во 19.30, во Управната зграда на Музејот на Тетовски крај.

Данијела Билбилоска