Долг и тежок период и за музичарите – речиси една година без настапи
Речиси една година музичарите немаат настапи. Со појавата на пандемијата, нивната работа згасна. Рестриктивните мерки уште од самиот почеток на ковид кризата ги опфаќаа и нивните активности – рестораните работат со ограничувања и забрана за ангажирање музичари. Загубите велат, се огромни. Секој се снаоѓа како знае – голем дел од нив бараат и друга работа за да обезбедат приходи.
Угостителството и музичарите се тесно поврзани. Од угостителскиот сектор велат дека влијае на желбата на гостите за доаѓање во ресторан и фактот што не е дозволено истите да бидат забавувани од музички групи.
Од музичката фела сметаат дека постојат начини на кои сепак може да функционираат.
Музичарите и покрај лошата ситуација, се надеваат дека за кратко време, повторно ќе бидат дозволени нивните настапи.