Домашните слави да се одбележат само во кругот на најтесното семејство

Домашните слави да се одбележуваат само во кругот на најтесното семејство, велат свештените лица од тетовското архиерејско намесништво. Нивната задача за осветување на славските колачи, пченицата и виното ќе се спроведе, односно тие ќе ги посетат домовите на верниците почитувајќи ги здравствените протоколи.

Сите семејства кои се во изолација треба да го известат свештеното лице за состојбата пред да се упати во нивниот дом. Домашните слави започнуваат од крајот на месецов, а прва од нив е Петковден на 27 октомври.

error: Content is protected !!