Донација од заштитна опрема денес беше доставена во просториите на општина Тетово

Општина Тетово денес доби донација од заштитна опрема од Центар за управување со промени. Донацијата се состои од заштитни маски, визири и сапуни, наменети за граѓаните, СВР Тетово и Клиничката болница. Истите ги изработиле жени претприемачки од Полошкиот регион.

Од Кризниот штаб при општина Тетово велат дека заштитната опрема соодветно ќе биде распределена.

Вкупно 9 600 маски, 1250 визири и 1 100 антибактериски сапуни се наменети за општина Тетово и за албанската општина Елбасан.  Донацијата е обезбедена со распределба на дел од средствата од проектот „Развој на микро претпријатија во пограничната област“ на Центарот управување со промени со партнерските организации за нивен придонес во справувањето со Ковид – 19 во земјата. 

error: Content is protected !!