Донација од заштитни маски добија училиштата од општина Тетово

5 000 заштитни маски за учениците кои ќе следат настава во училиштата денес донираше  Оне Хоспитал од Тетово. Од Секторот за јавни дејности, велат дека се прават последните подготовки пред почетокот на новата учебна година. 

Во пресрет на новата учебна година училиштата од општина Тетово добија донација од заштитни маски. Оне Хоспитал од Тетово обезбеди 5000 маски наменети за учениците од прво до трето одделение, кои ќе следат настава со физичко присуство. Денес истите беа донирани на директорите на основните училишта.

„Дониравме 5 000 заштитни маски за учениците што ќе ги користат кога се на училиште. Пандемијата со ковид 19 продолжува да се шири многу брзо, така што ние имаме одговорност кон заедницата како една од поголемите болници во западниот дел од земјата. Веруваме дека наша обврска е да го зачуваме здравјето на населението. Сакаме да се соработуваме со општината и се заблагодарувам за можноста да помогнеме“, рече Хасан Арсланери, генерален менаџер на Оне Хостипал Тетово

Инаку во општина Тетово настава во училница и според здравствените протоколи ќе следат само учениците од прво до трето одделение. Од Секторот за јавни дејности велат дека се уште немаат одговор од ресорното Министерство на барањата за физичко присуство на 5 училишта.

error: Content is protected !!