Донирана опрема за Клиничката болница во Тетово од страна на амбасадорката на Јапонија

Со ново амбулантно возило ќе располага Клиничката болница во Тетово. Возилото е донација од Јапонската амбасада. Амбасадорката Кеико Ханеда, се сретна со градоначалничката Теута Арифи, а потоа се упати и во Клиничката болница, каде што на директорот Флорим Бесими му ја врачи донацијата.

„Ми претставува огромна чест и задоволство што повторно сум во Тетово, што можам да сум дел од донирањето на амбулантното возило за болницата. Имав одличен разговор со градоначалничката и се согласивме дека ќе продолжиме со успешната соработка. Последен пат кога го посетив Тетово го потпишавме договорот за донирање на амбулантното возило. Драго ми е што возилото пристигна токму на време, кога е најмногу потребно. Задоволна сум што луѓето од Јапонија можат да им помогнат на граѓаните од Тетово во однос на подобрување на животот, особено во овој период. Би сакала да се заблагодарам и на сите здравствени работници кои со нивната работа им помагаат на граѓаните во овие тешки времиња“, рече Ханеда.

Амбулантното возило ќе биде во служба на граѓаните на општина Тетово.

error: Content is protected !!