Донирана опрема за тетовските пожарникари


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Нова опрема за извршување на секојдневните задачи добија денес тетовските пожарникари како донација од страна на Дирекцијата за заштита и спасување. Од Дирекцијата велат дека се работи за солидна опрема од два познати светски брендови и е претежно наменета за кревање на предмети со голема тежина.

Градоначалничката Теута Арифи истакна дека ваквата опрема е од особена важност за пожарникарите кои секојдневно се изложуваат на ризици за да им помагаат на граѓаните.

Пожарникарите изразија голема благодарност до Дирекцијата за заштита и спасување за донираната опрема која како што велат им била многу потребна.

Новата опрема ќе може да се користи во повеќе случаи, како на пример и за елементарни непогоди како земјотреси.