Доопремен е стакленикот во училиштето Моша Пијаде, на пролет ќе може да се изнајми


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Заврши опремувањето на стаклената градина во кругот на Средното стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Истата ќе помогне во развојот на земјоделството во регионот, а бенефит ќе имаат и учениците кои ќе посетуваат практична настава во неа.

Стаклената градина за одгледување растенија во регулирани климатски услови, која е поставена во кругот на Средното стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, во изминатиот период е целосно опремена. Таа ќе помогне во развојот на земјоделството во Полошкиот регион така што ќе понуди простор за обуки за одгледување на различни земјоделски култури и изработка на бизнис планови.

Конструкцијата на стакленикот е поставена преку проект на Министерството за земјоделие, а со заложби на училиштето преку проект Социјално фармерство истито е доопремен.

Практична настава во стакленикот ќе можат да изведуваат учениците од вкупно 8 паралелки од земјоделската струга.

Стакленикот на пролет ќе биде достапен за изнајмување преку јавен повик, откако ќе заврши процесот на транформација на сопственоста, односно училиштето од општинско ќе премине во државно, а потоа во Регионален центар за стучно образование и обука.