Дополнителни мерки за ограничување на движењето на одредени категории граѓани


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Владата со дополнителни мерки за ограничување на движењето на  одредени категории граѓани во насока на превенција од ширење на коронавирусот. Во изминативе 24 часа регистрирани се нови 12 заболени лица со ковид 19.

Во насока на заштита од коронавирусот Владата на вчерашната седница донесе одлуки за дополнително ограничување на движењето на одредени категории граѓани, коишто започнуваат да важат од денес.

Според одлуката се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден. Дополнително, се забранува движење на лицата со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.  Со овие измени и дополнувања се забранува движење на лицата со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Инаку од Министерството за здравство информриаат дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови заболени лица со коронавирус. Седум лица се од Скопје и пет од Куманово. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

eОд вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви. Со ова, практично, во функција ги ставаме сите, близу, 1.200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите.