Досега во тетовските основни училишта се запишале близу 900 првачиња

Од 1416 дечиња коишто треба од септември за првпат да седнат во училишните клупи, според информациите со кои располага секторот за јавни дејности при Општина Тетово, досега во тетовските основни училишта се запишале 849 првачиња. Локалните власти очекуваат бројот на запишани првачиња да се зголеми во текот на наредниот период, земајќи предвид дека уписот за во прво одделение трае до крајот на месец август.

Во изминатава учебна година пак, основно образование во училишта на територија на Општина Тетово завршиле 1086 ученици. Во моментов пак, се спроведува и уписот во средно образование, а за упис во прва година средно низ тетовските средни училишта за наредната учебна година се предвидени околу 1400 слободни места.

Ивана Серафимовска