До крајот на оваа седмица се очекува да се укине одлуката за организиран превоз од Тетово кон соседните општини

Жителите од руралните општини секој ден продаваат на тетовскиот зелен пазар. Но, за да стигнат до своите импровизирани тезги мора да дојдат со такси или со сопствен превоз, трошејќи ги заработените пари од тоа што ќе го продадат. Така е повеќе од еден месец откако владата донесе одлука да се укине организираниот превоз од Тетово кон соседните општини и обратно, како една од мерките против КОВИД 19.

Од Кризниот штаб на Општина Тетово, велат дека пред два дена испратиле барање до владата да се укине забраната за организиран превоз, како дел од процесот на олеснување на мерките. Барањето се разгледува од Комисијата за заразни болести. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, се надева дека до крајот на неделава ќе се прифати нивното барање.

Низ градот се уште може да се забележи дека има превозници кои вршат организиран превоз од Тетово кон соседните општини. Велат дека се принудени на ваков чекор, затоа што тоа им е единствената егзистенција. Но засега сите прекршители од полицијата се писмено предупредувани, затоа што се уште нема правна рамка како овие превозници да се казнат парично. Отаму најавија дека и во наредниот период се додека трае забраната, нивни екипи ќе ја контролираат состојбата на терен и ќе постапуваат во рамки на законот.   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Powered by Live Score & Live Score App