До новите избори за членови на Советот на Општина Тетово, ингеренциите кои ги има Советот се пренесуваат кај градоначалникот, но со ограничени надлежности

До одржувањето на новите избори за членови на Советот на Општина Тетово, сите ингеренции кои ги има Советот се пренесуваат кај градоначалникот, но со ограничени надлежности, информира Бесар Дурмиши, сега поранешен претседател на Совет.

На владина седница на 14 јуни беше донесено решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.

Дурмиши вели дека вината за ненавременото донесување на завршната сметка е во администрацијата и дека ќе следат санкции.

Изборите за Совет на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август 2022 година.