До 31 март обнова на документи за додаток за трето дете

Гужви пред Центарот за социјална работа за обнова на документи за родителски додадок за трето дете и покрај тоа што рокот е до крајот на март. Дневно се процесираат околу 150 барања, поради што е направена реорганизација со зголемен број шалтерски места, велат од Центарот.

Пред Центарот за социјална работа во Тетово во текот на овој месец се забележителни гужвите кои се создаваат, бидејќи овој период од годината се врши обнова на документите за корисниците кои остваруваат право на родителски додадок за трето дете. Граѓаните се жалат дека многу долго чекаат.

Од Центарот, пак, велат дека тоа е поради големиот број корисници кои сакаат да ги обноват документите што поскоро, за да не доцни исплатата на средствата, иако рокот е до 31 март. Велат дека е направена и реорганизација во работата.

Родителскиот додаток за трето дете се исплатува месечно, за период од десет години, за што семејствата треба да ги достават потребните документи до Центарот.

Од Центарот за социјална работа очекуваат до крајот на неделава да бидат поднесени, процесуирани и завршени околу  2 000 барања за остварување на правото на родителски додаток за трето дете.

error: Content is protected !!