ДПА денеска на тетовскиот плоштад ја престави дел од програмата на партијата.

Лидерот Мендух Тачи рече дека се работи за екипа која е професионална и која ќе работи пред се за подобрување на социјалниот живот во државата.

-Овие луѓе што ги гледате овде се професионалци кои ќе ги именуваме во институциите. Тие луѓе ќе бидат вистинските за подобрување на социјалниот живот во државата. Целта на ДПА е да имаме кандидат заменик премиер и ова не преставува индивидуален проект. Сите Албанци нека ги отворат од денеска вратите и секој нека ја отвори својата врата. Тука морам да потенцирам дека победата на ДПА нема смисла, ако целосно не ги поразиме ДУИ и Али Ахмети.

Од ДПА велат дека ќе се борат Албанците да бидат застапени во институциите рамномерно.

-Мора да имаме консензуална демократија. Мојата работа како заменик премиер ќе биде токму тоа. Мора да имаме два дома и на тој начин буџетот ќе биде распределен рамномерно, рече Тачи.

Вечерва ДПА во Тетово ќе ги престави кандидатите за пратеници каде ДПА ќе има свои преставници.     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!