ДПА ја претстави политичката програма и платформа во пресрет на предвремените парламентарни избори


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Или сама или во коалицијата со некои помали политички партии на Албанците ќе оди ДПА на претстојните предвремени парламентарни избори. За кои партии станува збор лидерот Мендух Тачи не даде одговор, а за евентуална коалиција или соработка со македонскиот политички блок не сакаше да коментира.

ДПА пред нејзиното седиште на тетовскиот плоштад ја промовираше програмата и платформата насловена Преку врата доаѓа лето. Ги претстави кадрите, кои доколку дојдат на власт би ги управувале  институциите.

Претседателот Тачи се пофали дека станува збор за професионални кадри, но одлучиле да не ги прикажат сите пред пред јавноста, за да немаат репресии од функционерите на ДУИ.

Тачи на последното Централно собрание на партијата минатиот месец, побара гласачите да гласаат за ДПА или за СДСМ, како партија од македонскиот политички блок, која според него се држела до одредени принципи, за разлика од ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Мицковски, кој како што рече Тачи работел против неговата партија.