„Драга учителке“ – книга на Соња Андонов за педагошката дејност на Анче Бојаџиева-Герасимовска

Постојат приказни кои треба да бидат забележани заради времето кое одминува, заради времето кое доаѓа. Една од нив е приказната за драгата учителка Анче. Вака започнува книгата која деновиве излезе од печат, на авторката Соња Андонов посветена на долгогодишната професорка по пијано во Музичкото училиште во Тетово, Анче Бојаџиева-Герасимовска. Во неа Андонов го раскажува животот и педагошката дејност на професорката од која вели дека ја стекнала љубовта кон музиката, која пак станала и нејзина професиопнална определба.

 Монографијата „Драга учителке“ е напишана да остави трага во времето и сеќавање за драгата учителка Анче, вели Андонов. Истовремено, нејзината посветена педагошка работа да стане пример и патоказ на идните генерации за тоа како се пренесува љубовта кон најубавата уметност – музиката. Авторката ја нагласува својата благодарност и кон семејството на професорката Анче за нивната помош при изработката на монографијата, како и на учениците кои споделиле искуства за нивната учителка.

error: Content is protected !!