Драмското студио Тетово ја изведе монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“

Драмското студио Тетово ја изведе монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“. Оваа е втора изведба на оваа монодрама на писателот Јован Дамјановски која ја напишал во далечната 1990 година.

Двочасовно уживање и смеење приреди актерката Наташа Петровска, која пред тетовската публика во саботата ја изведе Монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“.

Иконија во својата исповест раскажа за случките и животот поврзани со старо Тетово во 70-80 години, но и нови моменти од денешниот живот.

Режисерот Игор Бачоски истакна дека долгиот аплуаз на крајот од претставата кажува дека екипата направила одлична работа.

Монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ е напишана од тетовскиот писател Јован Дамјановски во 1990 година. Прв била изведена во 1992 година од Гордана Георгидијадис.

Данијела Билбилоска