Д-р Трифуновска: Мали количини на храна и пијалоци за празниците
Почесто хранење но во помали количини. Ова го апелираат лекарите до граѓаните во пресрет на празничните денови. Со оглед на тоа дека Велигденските празници се време на дружење и богати трпези, сепак лекарите препорачуваат луѓето да бидат внимателни со претераната консумација на масна храна и алкохолни пијалоци, особено оние кои го практикувале Велигденскиот пост.
Д-р Светлана Трифуновска вели и дека се уште не треба да се опуштаме со однесувањето во насока на заштита од коронавирусот, кој се уште е присутен.
Иако ситуацијата со епидемијата е постабилна, сепак препораките се празниците да се поминуваат во помали групи, во кругот на семејството.
Mаја Пероска