Експертите со поделени мислења за евроскептицизмот и евроентузијазмот во актуелната криза во Европа

Учесниците на јавната дискусија што се одржа денеска на Универзитетот во Тетово (ДУТ), „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“ организирана од Центарот за европски стратегии Евротинк од Скопје, со поделени мислења околу тоа дали поради актуелните политички случувања во Европа е зголемен евроскептицизмот или евроентузијазмот.

Деканот на Правниот факултет при ДУТ, Ќебир Авзиу смета дека ќе преовладее евроентузијазмот.

Покрај јавната дискусија, се одржи и работилница насловена Евроскептични наративи и контра-наративи.

Дискусијата е дел од меѓународен проект кој го води Евротинк – Центар за европски стратегии во соработка со неколку партнерски организации од Италија, Полска и Словенија.