Единствениот парк во Тетово целосно уништен

Единствената слободна зелена површини за одмор и рекреација Жена Парк која беше обновена неодамна, изминативе неколку месеци е речиси целосно уништена. Реквизитите за деца и вежбање, или ги нема или се оштетени.

Работниците од Јавното комунално претпријатие Тетово ги затекнавме како ги острануваат остатоците од искршените реквизити на Жена Парк. Се чистеше сметот, кој го фрлиле несовесни граѓани.

Тетовци велат дека Жена Парк е единствената слободна зелена површина, каде може да се прошетаат и одморат. Велат дека често  комуналците го чистат паркот, но во вечерните часови луѓето оставаат пустош зад себе.

Дел од граѓаните сметаат дека институциите треба да бидат поригоризни кон граѓаните, кои ги оштетуваат јавните  простори.

Во лоша состојба се наоѓа и Скејт паркот лоциран веднаш до Жена Парк, кој беше изграден и дониран од странски невладини организации. И тука голем дел од реквизитите се остранети и искршени, а смет има на секое ќоше. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!