Една година од прогласувањето на глобална пандемија


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

И по 12 месеци нашата земја се уште се бори со вирусот. Токму периодов се забалежува и раст на новозаразените со Ковид 19. Бројките растат и во тетовскиот регион.

Светската здравствена организација на денешен ден пред една година прогласи глобална пандемија поради коронавирусот, речиси три месеци откако светот стана свесен за првите случаи на нов вирус идентификуван во Кина. Ова уследи само ден откако Италија стана прва земја на светот која се стави во карантин, а објаснувањето на СЗО за прогласување пандемија беше дека бројот на заразени на светско ниво во претходните недели се зголемил за 13 пати.

Во нашата земја, на 11 март 2020, официјално беа потврдени девет случаи на зараза и сѐ уште немаше починати. Заклучно вчерашниот ден, пак, бројот на случаи со Ковид 19 достигна 10 9262. Овој период бројките континуирано растат.

Тетовскиот регион со 5 666 заразени од почетокот на пандемијата се наоѓа на четвртото место на листата на Институтот за јавно здравје. Сега активно болни се речиси 300 лица.

Бројките повторно започнаа да растат од пред две недели, па така само во првите 10 дена од месец март во Тетово и тетовско се регистрирани 202 нови случаи со ковид 19. Во овој период 193 оздравеле, а двајца починале.

И државите од регионот бележат драстичен пораст на бројот на новозаболени лица со коронавирус, што главно се припишува на опуштањето на граѓаните, непочитување на епидемиолошките мерки и мутации на вирусот, чии нови видови се позаразни и предизвикуваат посериозна клиничка слика.