Едукативен караван за самоконтрола кај дијабетесот во Тетово

Предавања на оваа тема ќе се одржат утре во просториите на Пензионерскиот дом.

Здружението на дијабетичари Тетово и Асоцијација за детски дијабетес на Македонија – Баланс Мк организира Едукативен караван за Самоконторола – основа за добра контрола и превенција кај Дијабетесот.

Предавања на оваа тема ќе се одржат утре, 27 февруари, во просториите на Пензионерскиот дом во Тетово, со почеток во 19 часот, а едукатор ќе биде д-р Марија Живковиќ, од Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот-Скопје.


Клучен факт во превенирањето на состојбата дијабетес тип 1, како и евентуалните последици што таа може да ги предизвикува, е процесот на континуирано информирање и едукација примарно на лицата со дијабетес или на нивните родители (кога станува збор за деца со дијабетес тип 1) за сите сегменти што го сочинуваат дијабетесот како состојба, почнувајќи од исхраната, инсулинската или таблетарна терапија, мерње гликемија, начинот на живеење и слично. Ова пак само по себе укажува на потребата од фундаменално прилагодување кон таквата состојба (дијабетесот) што пак единствено е можно преку воспоставување на принципот на “самоконтрола“.

Според зацртаната програма Едукативниот караван за Самоконтрола ќе се одржи во десет градови во Македонија, а во соработка со Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија и во координација со локалните здруженија за дијабетес од Македонија.

error: Content is protected !!