Екологистите со отворено писмо до Заев бараат стопирање на изградбата на малите хидроцентрали

Отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, упатија од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, по неговата изјава дека малите хидроцентрали се еколошки, но и по последните Одлуки на Владата за изградбата на вакви објекти на Шар Планина и во Маврово.

Како сериозно загрижувачка, од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, ја оценуваат изјавата на претседателот на Владата, Зоран Заев, дека „малите хидроцентрали се најеколошки извори на енергија“. Во отворено писмо до него, реагираат на владините Одлуки за мали хидроцентрали на Маврово и Шар Планина и ги истакнуваат постоечките документи, кои недвосмислено алармираат за негативното влијание на ваквите објекти врз природата и биолошката разновидност. Потенцираат дека сите надлежни институции во државата имаат законска обврска да ги почитуваат и спроведуваат.

Истовремено во писмото потсетуваат дека проценката на влијанието на новиот Закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк многу јасно го оценува влијанието на малите хидроцентрали, како и на отворениот меѓународен случај против земјава пред Бернската Конвенција.

Од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ бараат од премиерот да се донесе Одлуки за исто стопирање на сите планирани хидроцентрали, како и да се воведе Забрана за изградба на вакви објекти во заштитени подрачја, која е наведена во владината програма, во делот „Заштита на животната средина“.