Еколог донира таблети за ученици од ранливи семејства во Тетово и Гостивар

Тетовската фирма Еколог донираше таблети за ученици од социјално загрозени семејства во полошките општини.  Целта е да им се излезе во пресрет на ранливите категории во услови кога владее вонредна состојба, а децата треба да ја следат наставата онлајн.

Во општините Тетово и Гостивар беа донирани по 100 вакви електронски уреди. Општина Гостивар денес ги распределуваше таблетите на семејствата, додека општина Тетово ќе ги достави до училиштата, кои понатаму треба да ги доделат на учениците од социјално ранливи групи.

„Им благодариме на фирмата Еколог и сопствениците Дестани, што овозможија децата од социјални семејства да можат да се вклучат во образовниот процес. Веќе ги делиме таблетите, според претходно обезбеден список на семејства со ученици во социјалне ризик“, рече Аслијан Снопче, раководителка на Секторот за образование во Општина Гостивар.

Според податоците на Секторот за образование, на гостиварското подрачје има уште 600 социјални семејства во кои децата не можат да следат настава преку интернет.

Освен во полошко, фирмата Еколог донираше таблети и за социјално загрозени семејства во Скопје, Битола, Кичево, Охрид, Струга, Дебар, Прилеп, Куманово, Велес и Струмица

error: Content is protected !!